падобран | м.
Направа за безбедно скокање или спуштање од авион на земјата, што автоматски се отвора и се шири во воздухот во вид на платнена купола. Скокаше од падобран со раширени раце. Во воздухот летаа разнобојни падобрани.
падобранец | м.
Тој што се спушта со падобран; војник што се спушта со падобран заради напад во непријателската заднина. Скок на падобранец. Германците пуштија падобранци.
падобранство | ср.
Скокање со падобран од авион во лет.
Падова | ж.
Град во Италија.
пае | несв.
Суши, проветрува рибарска мрежа.
паежина | и.
паек | м.
паж | м.
Млад дворјанин во служба при дворот.
пазамарка | ж.
пазар | м.
Отворен или покриен простор каде што се продаваат разни, главно земјоделски производи; пазариште. Отишол селанецот на пазар во градот. Беше доцна и пазарот веќе се празнеше.