пасивизација | ж.
Повлекување од јавна активност, намерно повлекување од дејствување.
пасивизира | св. и несв.
Доведе, доведува некого или нешто во пасивна состојба. Оценката по поведението ги пасивизира учениците.
пасинок | м.
Заварен, затечен син во однос на маќеата или доведен, донесен син во однос на очувот.
пасиониран | прид.
Што има пасија, страстен. Пасиониран собирач на антиквитети.
пасира | несв.
(кул.) Гмечи, под притисок ситни нешто (овошје, зеленчук, месо и сл.) и прави хомогена смеса. Пасира компир.
пасиште | ср.
Место обраснато со трева или со некаква друга растителност каде што пасе добитокот. Раззеленето пасиште. Каменито пасиште. Сочни планински пасишта. Пасишта со стада овци.
пасија | ж.
Силна љубов за нешто, склоност кон нешто, страст. Тој имаше вистинска пасија за препарирање инсекти.
пасијанс | м.
Игра со карти за еден играч што се состои во редење и разместување на картите по утврдени правила.
пасквил | м.
пасквила | ж.
Текст со навредлива, клеветничка, подбивна содржина.