парчоса | св.
Распарчи, раздели, раскине на парчиња. Го парчоса бокалот. Гладниот волк го парчоса јагнето.
парчуле | ср.
пас | м.
Во фудбалот и сл. игри со топка ‒ додавање топка на соиграч од екипата.
пасаж | м.
Покриена уличка со продавници, тесен премин под куќа од една улица до друга улица.
пасати | м.
Ветрови што дуваат кон екваторот од североисток на северната полутопка или од југоисток на јужната полутопка.
пасе 1 | несв.
За животно ‒ јаде трева на пасиште, на ливада и сл., се храни со трева, со растителност. Стадото пасело во коријата. Коњите пасеа по ливадата.
пасе 2 | несв.
Оплодува, прави да зачне, да создаде плод кај кобила. Пастувот ја пасе кобилата.
пасив | м.
Однос помеѓу подметот и прирокот во реченицата при кој се означува дека глаголското дејство се врши врз субјектот;
пасива | ж.
(екон.) Сите долгови и обврски; актива.
пасивен | прид.
Рамнодушен, безволен, мрзлив; што е без иницијатива, инертен; активен. Пасивен ученик.