паскурник | м.
пасменце | ср.
пасмина | ж.
Обично за животни ‒ раса, сој, потекло. Ждребиња од добра пасмина.
пасмо | ср.
Дел од навиткано предено. Дебели пасма разнобојна основа за килим.
пасне | св.
Изеде малку трева, сено и сл.; попасе. Кравите паснаа малку.
пасолница | ж.
Долго, грубо, неделкано дрво.
пасомце | ср.
Дем. од пасмо.
пасош | м.
Легитимација за патување во друга држава. паспорт. Македонски пасош.
паспал | м.
Прав од брашно што отпаѓа при мелење на жито.
паспалав | прид.
Напрашен со паспал. Паспалави пантолони.