паспарту | ср.

Рамка од картон што ја дели сликата или цртежот од нејзината околина.

паспорт | м.

Легитимација за патување во друга држава; Печат на паспорт.

паспортен | прид.

Што се однесува на паспорт. Паспортно одделение.

паспул | м.

Украсен пораб, опшивка. Шарен паспул.

паста | ж.

Вид густа маса со определена намена (во козметиката, кулинарството, како средство за чистење итн.). Паста за заби. Паста за бричење. Паста за раце. Паста за чевли.

паства | ж.

Верниците во однос на духовните пастири, на свештените лица.

пастел | м.

Фин, ситен пигмент во боја, материјал во тенки тркалезни стапчиња или во форма на молив што служи за цртање. Детето го обои небото со син пастел. Восочен пастел.

пастелен | прид.

Што се однесува на пастел. Пастелна боја.

пастеризација | ж.

Загревање на прехранбени производи до температура при која се уништуваат микроорганизмите, а се зачувуваат хемиските својства и вкусот на производите, делумна стерилизација.

пастеризира | св. и несв.

Подложи, подложува на пастеризација. Млекарницата го пастеризира млекото.