правокрилец | м.

Род на инсекти со два пара крилја од кои предните се поцврсти и не се користат при летање; Orthoptera.

праволиниски | прид.

а) Што се движи, се одвива по права линија. Праволиниско движење. б) Што е со прави линии. Праволиниска слика.

правопис | м.

Општоусвоен систем на правила и графички знаци за пишување на зборовите во еден јазик; ортографија. Фонетски правопис. Етимолошки правопис.

правописен | прид.

Што се однесува на правопис. Правописен речник. Правописна грешка. Правописни правила.

правоса се | св.

Исчезне, снема некого или нешто. Тој се правоса како сенка. Сè што имаше во дуќанот се разнесе, се правоса.

правосилен | прид.

Што има законска сила, важност, право. Правосилно решение. Правосилна пресуда.

православен | прид.

Што се однесува на православие. Православен календар. Православна црква.

православец | м.

Православен човек, припадник на православната христијанска вера. Во земјата заедно живеат и православци и католици.