православие | ср.
Гранка на христијанството оформена како источно-христијанска црква
правосмукалка | ж.
правосуден | прид.
Што се однесува на правосудство. Правосуден систем. Правосудна управа.
правосудие | ср.
правосудство | ср.
Дејност, работа на судовите и на судските органи во една држава, во согласност со правните закони. Потребни се реформи во правосудството.
праг | м.
Дебела греда (од дрво, камен или метал) што лежи пред долниот дел од вратата. Куќен праг. Камен праг. Застана на прагот. Седна на прагот.
Прага | ж.
Главен град на Чешка.
прагма | ж.
Дејствување што е насочено кон непосреден успех, резултат и корист.
прагматизам | м.
Филозофско утилитаристичко учење според кое вистина е само она што е успешно и корисно, што има практична вредност. Во песната се гледа поетовиот бунт против прагматизмот.
прагматик | м.