празноглав | прид.
Што е глупав, умствено ограничен. Празноглава жена.
празноглавец | м.
Тој што е глупав, умствено ограничен, празноглав човек. Замолкнете празноглавци!
празнословен | прид.
Што зборува напразно, без врска, што дрдори нешто. Празнословен човек.
празнослови | несв.
Зборува бесмислено, кажува празни зборови, дрдори. По цел ден само седи и празнослови.
празнословие | ср.
Зборување празни зборови, дрдорење. Неговиот напис е празнословие, колку да се пополни весникот
празнота | ж.
празнотија | ж.
Празнина, празно, пусто место. Покажа на купот урнатини и на празнотијата. На десното уво наместо обетка, имаше празнотија.
празнува | несв.
Слави, држи празник. Велигден го празнуваме три дена.
празов | прид.
Што е од праз. Празово перо.
праизведба | ж.
Прво изведување на некое уметничко дело (театарско, музичко, балетско); премиера. Праизведбата на драмската претстава беше позитивно оценета.