праизвор | м.
Првобитен извор, почеток на нешто. Праизворот на неговото чудно однесување е во неговото детство
праискона | прил.
Од памтивек, од старо време, од дамнина. Некои обичаи постојат од праискона.
праисконски | прид.
Што бил, што постоел од многу одамна, од старо време, што е од памтивек. Праисконска борба.
праисториски | прид.
Што се однесува на праисторија. Праисториски човек.
праисторија | ж.
Период од развојот на човештвото за кој нема никакви пишани документи; време пред појавата на пишаните споменици.
пракса | ж.
практика | ж.
Непосредна примена и спроведување во дело на определени постапки; теорија. Нема теорија без практика.
практикант | м.
Тој што се вежба, што поминува низ практика. Тој е практикант и не може да потпишува документи.
практикува | несв.
Стекнува искуство, се вежба. Практикува да свири во ноќни локали.
практикум | м.
Вежби по некој учебен предмет, обично на високите школи, за практична примена на теориските знаења. Практикум по хемија.