празен | прид.

а) Што не е исполнет, наполнет со нешто, во кој нема ништо; полн. Празен амбар. Празна чаша. Празна кутија. Празно шише. б) Што не е пополнет, што е без текст. Празен лист. Празен формулар. Празна тетратка. в) Што не е натоварен со нешто, што е без товар. Празен камион. Празни вагони. Празни коњи. г) Што не е населен, во кој не живее никој, во кој нема никој. Празен град. Празно село. Празни улици. д) Што не е зафатен со нешто, запоседнат од некого. Празен кревет. Празен стан. Празна куќа. Празно место. ѓ) Што нема волја, желба за работа, што е безделен. Не стој празен, фати се за работа!

празненство | ср.

Славење, прослава. Општо празненство.

празни | несв.

Прави нешто да биде празно; полни. Го празни шишето. Ја празни торбата.

празник | м.

а) Ден што се празнува во чест на некој настан или некоја личност. Празник на трудот. Празник на жената. Национален празник. б) (црков.) Ден или повеќе денови едноподруго што се празнуваат во чест на некој светец. Верски празник. Божиќни празници.

празнина | ж.

Празен, неисполнет простор, место. Меѓу двете куќи има голема празнина. Шумата е ретка, има многу празнини меѓу дрвјата.

празничен | прид.

Што се однесува на празник. Празничен календар. Празнична песна. Празнични денови.

празноверен | прид.

Што верува во натприродни сили; суеверен. Празноверни луѓе.

празноверец | м.

Тој што верува во празноверие, празноверен човек. Сите од фамилијата беа празноверци.

празноверие | ср.

Верување во натприродни сили и во нивната моќ; суеверје. Не можеше да разликува што е вистина, а што празноверие