практицизам | м.
Сфаќање според кое ѝ се дава предност на практиката во однос на теоријата, на моменталните потреби за сметка на определени принципи. Во неговата работа превладува практицизмот.
практицист | м.
Приврзаник на практицизмот. Група практицисти ја оспоруваа неговата теорија.
практицистички | прид.
Што се однесува на практицизам и на практицист. Практицистички однос кон работата.
практичар | м.
Лице со големо искуство, тој што практично добро ја владее својата работа. Во науката потребни се и теоретичари и практичари.
практичен | прид.
Што се однесува на практика Практичен живот. Практична работа. Практично значење.
практички | прид.
Што се однесува на практика. Практичка обука. Практичка акција.
прамата | ж.
праматар | м.
Трговец што продава ситни галантериски работи (срма, конец и сл.). Прошета кај сите праматари и нигде не најде златна срма.
праматарски | прид.
Што се однесува на праматар. Праматарски стоки.
праматерија | ж.
Прва, првобитна материја од која настанале и од која се состоеле сите материјални тела во природата. Тој го застапувал мислењето за огнот како праматерија.