прапорец | м.
Празна метална топка со мало метално топче во внатрешноста кое тропа при тресење; затворено ѕвонче. Од далеку се слушаа прапорците на коњите.
прапочетен | прид.
Што се однесува на прапочеток. Прапочетно значење.
прапочеток | м.
Прв, првобитен, исконски почеток. Во оваа збирка среќаваме стихови кои говорат за човековите прапочетоци.
прапрабаба | ж.
Мајка на прадедо или прабаба. Неговата прапрабаба била од аристократско семејство
праправнук | м.
Син од правнук или правнука. Праправнуците ја продадоа земјата и заминаа од селото
прапрадедо | м.
Татко на прадедо или прабаба. Тоа ни е наследство од нашиот прапрадедо
прапричина | ж.
Прва, првобитна, основна причина. Ја барал прапричината на овие појави
прапроизвод | м.
Прв, првобитен, основен производ од некое производство. Прапроизводите биле едноставни, несовршени, но корисни.
прапроизводство | ср.
Прво, првобитно, основно производство. Прапроизводството влијаело врз човековиот живот.
прародина | ж.