прасе | ср.

(зоол.) Мало, младо свињче. Свињата роди три прасиња.

прасец | м.

(зоол.) Мажјак на домашна свиња, крмнак. Прасецот шеташе низ дворот.

прасешки | прид.

Што се однесува на прасе. Прасешко месо.

праси | несв.

За свиња ‒ раѓа прасиња. Секоја година свињата праси десет прасиња.

прасилиште | ср.

Место каде што се прасат свињите. Во прасилиштето свињите доаѓаат неколку дена пред да се опрасат.

прасило | ср.

Прасиња од едно опрасување. Од тоа прасило имаме десет прасиња.

праска | ж.

Овошно дрво, ниско и бујно, со жолто-црвени и сочни плодови; Prunus persica. Се загледа во зрелите плодови на праските.

праскарник | м.

Место насадено со праски. Застанаа пред еден голем праскарник.

праскин | прид.

Праскин мов.