праматија | ж.
Ситна галантериска стока. Трговец со праматија.
прамајка | ж.
Најстара жена од која започнува родот, сојот; прародителка. Според Библијата, нашата прамајка е Ева.
прамен | м.
Кичер, перчин коса. Еден прамен од косата му паѓаше преку очите. Неколку прамни коса ѝ излегуваа од под шамијата.
праменка | ж.
Вид овца со груба волна. Праменките се издржливи овци, погодни за номадско патување.
пранарод | м.
Првобитен народ од кој настанале повеќе други сродни народи.
пранга | ж.
(арх.) оков Фатените бунтовници ги оковаа во пранги. Го водеа низ градот со прангии на нозете.
праоблик | м.
Прв, првобитен облик на нешто. Бајките се праоблик на поезија.
праобразец | м.
Прв, првобитен образец, оригинал, прототип. Ракописот претставува праобразец во словенската книжевност
праоснова | ж.
Прва, првобитна основа, суштина на нешто. Се трудеше да ја најде праосновата на животот
праотец | м.
Далечен, најстар предок од кој потекнува еден род, сој; прародител. По толку години, тој се врати во земјата на своите праотци.