прасков | прид.
Што се однесува на праска. Прасков молец. Праскова лушпа.
прасковица | ж.
Прасково дрво. Седнаа под една прасковица.
праслика | ж.
Прва, првобитна слика; прототип. Иконите за него беа праслики на светото и духовното.
прасловенски | прид.
Што се однесува на Прасловени. Прасловенски јазик. Прасловенски племиња.
прасна | прид.
За свиња ‒ што носи плод, што треба да се опраси. Оваа свиња е прасна
прасостојба | ж.
Прва, првобитна, исконска состојба. Некогаш работите се враќаат на почеток, во некоја прасостојба.
прастар | прид.
древен_1 Прастаро време. Прастари текстови. Прастари жители.
прат | м.
Отсечен прав и долг стап; прачка. Зелен прат. Лесков прат. Букови пратје
прататко | м.
прататковина | ж.
Првобитно, најстаро место каде што живеело некое племе, народ, животински или растителен вид, место каде што нешто првпат се родило, се појавило. Словените во својата прататковина зборувале на општ словенски јазик. Прататковина на компирите е Јужна Америка.