пратеник | м.
Лице што е испратено некаде со определена задача, порака и сл. Кралски пратеник.
пратенички | прид.
Што се однесува на пратеник. Пратенички мандат. Пратенички избори.
пратеништво | ср.
Група луѓе, делегација испратена со определена задача. Сите народи испратија свои пратеништва пред царот.
пратец | м.
Дрвена, метална и сл. права, нееластична прачка. Од гранката што ја отсече си направи пратец.
прати | св.
Упати некого некаде со определена цел. Ја пратив ќерката на летување. Го прати детето на чаршија по леб. Фирмата ме прати на усовршување во странство.
пратка | ж.
Тоа што се праќа, што е испратено некому (писмо, пакет, пари). Пратка лекови. Поштенска пратка.
пратока | ж.
Вид растение, рицинус; Ricinus communis.
пратче | ср.
праун | м.
Вид габа, трад; Polyporus fomentarius.
праушка | ж.
Скаменето животно, фосил. Во песокта најдовме праушки.