прах | м.

Мртво тело, посмртни останки. Се поклони крај прахот негов.

праче | ср.

прачка | ж.

Тенка гранка исчистена од ситните гранчиња и од лисјето. Во раката држеше прачка. Плотот беше направен од лескови прачки.

прачовек | м.

Првобитен човек, предок на денешниот човек. Неандерталски прачовек.

праша | св.

а) Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање. Тој се сврте кон неа и ја праша: ‒ Што мислиш за ова? Дали може да дојдам и јас? ‒ праша детето. Сè што не знаеш, прашај ме. б) Постави прашање за некого или за нешто, во врска со некого или со нешто. Таа ме праша кога ќе се вратам дома. Тие го прашаа за политиката во земјата. Тој заборави што треба да праша.

прашален | прид.

Што содржи или изразува прашање. Прашален поглед. Прашален израз.

прашалка | ж.

Алатка што служи за прашење земја. Ја фрли прашалката и побегна од бавчата.

прашалник | м.

Список, збир од прашања на кои треба да се одговори; квестионар. Секој кандидат пополнува прашалник. Дијалектолошки прашалници.

прашанка | ж.

Гатанка, загатка во облик на прашање на кое се бара одговор. На децата им постави неколку прашанки.

прашање | ср.

Збор или реченица со кои се прашува и се очекува одговор. Одговори на прашањето. Пратеничко прашање. Провокативни прашања.