првиче | ср.

Прва посета што ја прават родителите на невестата во куќата на зетот по свадбата (според народниот обичај). Сите роднини ги покани на првиче.

првичен | прид.

Што е прв во нешто или според нешто, што е почетен, првобитен. Првичен резултат. Првичен впечаток. Првични форми на живот.

првка | несв.

Прва по малку, во помала мера;

првне | св.

првнее | несв.

Испушта од себе пареа, испарува. Остави го лебот да првнее.

првнина | ж.

првина.

прво- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење прв во нешто, прв според нешто: првоборец, првокласен.

прво | прил.

Првин, најпрвин, најнапред. Треба да се видам прво со него. Прво треба да се договориме. Да се задржиме прво на некои гласовни особини.

првобитен | прид.

Што се однесува на најстарите времиња, на првата, почетна епоха од човечката историја. Првобитен човек. Првобитна заедница.

првоборец | м.

Тој што ја поведува борбата, што е меѓу првите, временски најстари учесници. Во првиот напад загинаа тројца првоборци.