првоженец | м.
Тој што се жени првпат. Стар првоженец.
првоизвор | м.
првокатегорник | м.
Играч, обично шахист од прва категорија. Интересна партија одиграа шаховскиот кандидат и првокатегорникот.
првокласен | прид.
Што е извонреден по својот квалитет, најдобар, одличен. Првокласен роман. Првокласна храна. Првокласна техника.
првокласник | м.
Ученик во први клас во средно училиште. Одлични првокласници.
прволигаш | м.
Спортист или спортски клуб што е во прва лига. Тој игра фудбал за странски прволигаш.
првоначален | прид.
првообвинет | прид.
Што е прв обвинет за извршено кривично дело, според тежината на кривичниот чин. Првообвинетиот го осудија на десет години затвор.
првообразец | м.
првооснова | ж.