пастир | м.

(книж.) Овчар. Пастир на белото стадо.

пастор | м.

Протестантски свештеник.

пасторала | ж.

Книжевно дело, обично драмско, или, музичко, ликовно, кое на идиличен начин го прикажува животот на пастирите во природата.

пасторален | прид.

Што има карактеристики на пасторала, што се однесува на пасторала; идиличен. Лирски пасторални песни. Пасторална слика.

пастра | ж.

Скришно место, скривалиште.

пастри | несв.

Чува, штеди, крие.

пастрма | ж.

Солено и сушено месо, обично овчо.

пастрмалија 1 | ж.

Вид пита со парчиња месо, пастрма. Топли пастрмалии.

пастрмалија 2 | прид.

Што е направен со иситнета пастрма. Пити пастрмалии.