првопласиран | прид.
Што се наоѓа на прво место. Првопласирана екипа.
првопрестолен | прид.
Што е прва престолнина (кралска, црковна, државна). Првопрестолен град.
првопричина | ж.
прворазреден | прид.
првороден | прид.
Што е роден прв, пред другите деца во семејството. Првороден син
првородство | ср.
Привилегија на првородениот син да го наследува имотот на родителите. Право на првородство.
прворотка | ж.
Жена, леунка што родила првпат; првестинка, првостинка. Таа брзо се породи иако беше прворотка.
првосвештеник | м.
(истор.) Врховен свештеник кај старите Евреи.
првосвештенство | ср.
Сталеж, клер на првосвештеници. Римското првосвештенство било против браќата Кирил и Методиј.
првостепен | прид.
Што е од прв, највисок степен на важност, што е извонреден, првокласен. Првостепена улога. Првостепено значење.