првостинка | ж.
првоучител | м.
Прв учител, просветител. Словенските првоучители Кирил и Методиј.
првпат | прил.
Прв пат, момент, почеток на нешто што не е претходно доживеано, искусено, што не се случило, што не се појавило до тој момент. Тој за првпат беше во селото. За првпат тие видоа воз. Првпат слушам за ова.
првут | м.
Изумрени клетки во вид на мали лушпи што се одделуваат од кожата на главата. Шампон против првут.
пргав | прид.
Што е многу брз, подвижен, темпераментен. Пргаво дете.
прдавец | м.
Птица преселница, живее во ливадите, рамнините во близина на обработливо земјиште; Crex crex. Во 'ржта трепети потполошката, во тревата кубе прдавецот.
прдеж | м.
Гасови што гласно се испуштаат од цревата.
прдешки | и.
Глупости, бесмислици.
прдешко | м.
прди | несв.