прдлив | прид.
Што често прди.
прдливец | м.
прдло | м.
Тој што прди.
прдне | св.
Испушти гласно гасови од цревата.
пре- 1 | претс.
Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења.
пре- 2 | претс.
Претставка за образување: а) Придавки со значење највисок степен на тоа што го означуваат тие: пребогат, предобар, премил. б) Именки со значење сродство (во напоредна употреба со претставката пра-): пребаба, предедо, превнук.
преамбула | ж.
Воведен дел од важен правен акт (закон, устав, меѓународен договор и сл.) во кој се изнесени целта на актот и неговите основни начела.
преанализира | св.
Анализира повторно, уште еднаш. Ја преанализира својата постапка.
преангажиран | прид.
Што е премногу ангажиран, зафатен со нешто. Тој е преангажиран со реновирањето на куќата.
преапе | св.
Прекаса, прегризе.