превее | св.

Извее одново, повторно. Го превеаја житото да не остане ни зрно плевел.

превежба | св.

Извежба повторно, уште еднаш. Да го превежбаме последниот дел од претставата.

превез | м.

вел_1 Невестински превез. Бел превез.

превезе 1 | св.

Извезе повторно, уште еднаш. Ја превеза целата шара на чаршафот.

превезе 2 | св.

Пренесе некого или нешто од едно место на друго со помош на превозно средство; транспортира. Ги превезе децата преку реката со кајче. Ги превезоа доматите до фабриката со камион.

превезок | м.

Дел од носија во вид на украс од свила што се носи на главата, а ресите му паѓаат на челото.

превене | св.

Придреме, прилегне. Превенал малку додека ги чекал да дојдат.

превентива | ж.

Збир од мерки што се преземаат заради заштита од некаква опасност (болест, кражба, природна несреќа и сл.). Превентива од заразни болести. Превентива од поплави.

превентивен | прид.

Што овозможува превентива, што служи за превентива од нешто. Превентивна заштита. Превентивни мерки.