превенција | ж.
Претходна, навремена заштита за спречување на нешто лошо, непожелно (болест, кривично дело и сл.), преземање на мерки за заштита од нешто. Превенција од болест. Превенција од прекумерно сончање.
превери | св.
Натера некого да промени вера. Никој не може да ме превери.
превесла | св.
Измами некого, добие нешто од некого на многу нечесен начин. Го превесла за договорот.
превечера | св.
Вечера повторно, пак. Тој си превечера иако скоро беше вечерал.
превива | несв.
превивка | ж.
Нешто што служи за превивање, за завиткување; завој, завивка. Се загледа во туѓинецот со превивка преку окото.
превид | м.
Тоа што ќе се превиди, што нема да се забележи; пропуст, несогледување. Во извештајот има неколку превиди.
превиди | св.
За мака, за страв ‒ доживее, претрпи, поднесе. Многу маки превидов во животот.
превие | св.
Повие, преповие, смени пелени. Мајката го преви бебето пред спиење.
превира | св.