превара | ж.
Измама. На превара му ги зел парите. Варди се да не ти стори некоја превара. Ѓаволска превара.
преварен | прид.
Што е варен подолго време. Преварен компир. Преварено кафе.
превареница | ж.
Јака ракија добиена со преварување, препечување. Купи едно кило превареница
превари 1 | св.
Остави нешто да вари повеќе отколку што треба. Го превари чајот.
превари 2 | св.
Престигне, престаса некого со одење, со трчање. Тој ги превари другарите пред влезот на селото. Ве преварив зашто одев по пократкиот пат.
превари 3 | св.
превароса | св.
Вароса повторно, уште еднаш. Ја превароса куќата.
превева | несв.
преведе | св.
Водејќи некого преку, низ некој простор, помине, премине од една страна на друга. Ги преведе децата преку улица. Рибарот нè преведе преку реката.
преведувач | м.
Тој што преведува, што врши превод од еден на друг јазик. Тој е преведувач од полски јазик. Книжевни преведувачи.