прегледен | прид.
Што е јасен, разбирлив, што лесно може да се прегледа. Прегледен труд. Прегледна карта.
прегледност | ж.
Особина на тоа што е прегледно; јасност, разбирливост. На трудот му недостига прегледност.
прегледувач | м.
Тој што прегледува, што врши преглед. Прегледувачот на текстот добро си ја заврши работата.
преглода | св.
Прегризе нешто со глодање.
прегнантен | прид.
Што е важен, битен, значаен. Прегнантни форми.
прегне | св.
преговара | несв.
Води преговори. Големите сили преговараат за да се престане со нуклеарното вооружување. Завојуваните страни преговараа неколку дена, но без успех. Стакларот преговараше со фирмата како да ги наплати своите услуги.
преговарач | м.
Тој што преговара, што води преговори. Двете страни избраа по еден преговарач.
преговарачки | прид.
Што се однесува на преговарач и на преговори. Преговарачки тим. Преговарачка атмосфера.
преговори | и.
Официјални разговори помеѓу претставници на две или повеќе страни заради постигнување на некаков договор, спогодба. Политички преговори. Воени преговори. Трговски преговори.