прегозба | ж.
Гозба што ја приредуваат зетот и невестата за родителите на невестата во првиот четврток по свадбата.
прегозбар | м.
Учесник во прегозба.
преголем | прид.
Што е премногу, претерано голем. Преголем товар. Преголем интерес. Преголема радост.
прегон | м.
Правоаголен дел добиен при делење на една парцела заради полесно орање.
прегор | м.
Суво, исушено место на нива каде што ништо не расте. Сушното лето му ја претвори нивата во прегор.
прегори | св.
а) Направи да загори, да изгори, испече повеќе отколку што е потребно. Домаќинката го прегоре ручекот. Фурнаџијата го прегоре лебот. б) Изгори, се испече поради силен оган, горење и сл. Целата инсталација ни прегоре. Светилките прегореа.
прегост | м.
прегости | св.
Нагости, нахрани некого обилно, повеќе отколку што е потребно. Родниниве нè прегостија.
преграб | м.
Прегратка, прегрнување. Братски преграб. Љубовен преграб.
преграби | св.
Опфати некого или нешто со двете раце; прегрне, гушне. Детето го преграби дрвото со рацете. Свирачот ја преграби гајдата и засвири. Тој ја преграби жена си со рацете.