прегар | м.

Сува, неплодна земја. Што и да посадиш во овој прегар, ништо не успева.

прегатен | прид.

За животно ‒ што се впрегнува. Прегатен вол.

прегач | м.

Парче облека што при работа се става врз другата облека заради заштита од нечистотија. Го врза прегачот и се фати за работа.

прегладен | прид.

Што е премногу гладен, изгладнет. Прегладено дете. Прегладени волци.

прегладнетост | ж.

Состојба на тој што е прегладнет.

прегладни | св.

Стане многу гладен. Децата прегладнеа од многу играње.

преглас | м.

Промена на бојата на глас, самогласка под влијание на соседниот глас.

прегласа | св.

Изврши повторно гласање. Во неколку општини го прегласаа првиот круг од парламентарните избори.

преглед | м.

Разгледување на содржината на нешто. Преглед на денешните настани. Преглед на поднесените извештаи.

прегледа | св.

Разгледа содржина на нешто со различен степен на внесеност; изврши преглед, проверка. Учителката ги прегледа писмените задачи. Таа ги прегледа сите текстови. Тој го прегледа весникот додека пиеше кафе. Полицаецот им ги прегледа патните документи.