предание | ср.

Усно пренесување на историски случувања, настани од минатото, животни искуства итн. што се предаваат од поколение на поколение; сказна, легенда. Народно предание. Црковно предание. Древни преданија.

предач | м.

Тој што преде. Добар предач.

предачен | прид.

Што служи за предење. Предачна машина.

предачка | ж.

Жена што преде. Стара предачка.

предачница | ж.

Фабричко одделение во кое се работи со предачни машини. Во предачницата работат само жени.

предбрачен | прид.

Што се однесува на тоа што се случило пред стапувањето во брак. Предбрачен живот.

предвесник | м.

Тој или тоа што предвестува нешто, што претставува знак, најава за нешто. Предвесник на новото време. Предвесник на пролетта. Предвесници на победата.

предвест | ср.

Претходна вест, најава, претходно известување, соопштување на нешто. Предвести на победата. Предвестие на смртта

предвести | св.

Даде предвест. Дождот како да ја предвести несреќата.