предава | несв.
предаде.
предавател | м.
Апарат со кој се предаваат сигнали по безжичен пат. Телевизиски предавател.
предавач | м.
Тој што предава, што држи предавање. Како предавачи на семинарот имаше и гости од странство.
предавање | ср.
Глаголска именка од предава.
предавник | м.
Тој што врши предавство. Предавник на нашето дело. Предавниците ќе бидат изведени пред суд.
предавство | ср.
Вероломна постапка, чин на изневерување на определени начела, принципи. Предавство на народот. Политички предавства.
предаде | св.
Даде нешто некому, врачи на тој за кого било наменето. Му го предаде писмото. Наградите им ги предадоа на пригодна свеченост.
предаден | прид.
Што е оддаден, посветен на нешто, занесен од нешто; Сиот е предаден на својата работа.
предало | ср.
Заеднички назив за преѓата и приборот за предење. Си го зеде предалото и седна да преде.
предан | прид.
Што е приврзан кон некого или кон нешто изразувајќи љубов, верност или поддршка; верен. Предан другар. Предан татко.