предвечер | ж.

Времето при крајот на денот, непосредно пред настапувањето на вечерта. Тивка предвечер.

предвечерен | прид.

Што се однесува на предвечер. Предвечерна песна. Предвечерна ладовина. Предвечерни сенки.

предвечерие | ср.

предвечер.

предвид | прил.

Во состав со глаголите: иде, доаѓа, земе, има предвид ‒ потребно е, неопходно е да се обрне, да се посвети внимание на нешто. Имајќи ги предвид овие факти. Да се земе предвид новонастанатата ситуација. Не доаѓа предвид да се врати дома.

предвиди | св.

Однапред види, согледа, погоди што ќе стане земајќи ги предвид сите можности преку анализа и планирање; прогнозира. Тој го предвиде ваквиот тек на настаните. Синдикатот предвиде нови социјални немири. Научниците ја предвидоа бурата пред две недели.

предвидлив | прид.

Што може да се предвиди, да биде предвиден. Предвидлива ситуација.

предводи | несв.

Се наоѓа на чело, раководи, управува со нешто. Тој ја предводи делегацијата. Работниците го предводеа штрајкот.

предводник | м.

Тој што предводи; водач. Предводник на чета. Племенски предводник. Народни предводници.

предводништво | ср.

Водство, водење. Под негово предводништво ја остваривме целта.