предводува | несв.
предвоен | прид.
Што се однесува на времето пред определена војна. Предвоен период. Предвоена литература.
предвои | св.
Подели, раздели на две, располови. Го предвои парчето леб и му го даде на детето.
предворие | ср.
Влезна просторија на куќа, зграда, стан и др. Темно предворје. Камено предворие
предвојнички | прид.
Што се однесува на времето пред војникувањето. Предвојнички живот. Предвојничка обука.
предвреме | прил.
Порано отколку што е предвидено, порано од определениот рок. Предвреме прекинат живот. Предвреме остарел. Се врати предвреме.
предвремен | прид.
Што се случил порано од определеното време, порано отколку што било предвидено. Предвремено востание. Предвремена пензија.
предговор | м.
Текст на почетокот од книга (уметничко, научно дело и др.) во кој се даваат објаснувања, податоци што овозможуваат полесно да се чита и да се разбере главниот текст. Краток предговор.
предговорник | м.
Тој што говорел пред некој друг говорник. Тоа веќе го слушнавте од моите предговорници.
предгорие | ср.