предгорје | ср.
Понизок планински предел пред повисока планина. Предгорјето на Галичица изобилува со лековити тревки.
предградие | ср.
Населено место што се наоѓа во близина на поголем град. Се упати кон предградието.
преде | несв.
Прави, усукува нишки од волна и сл. Девојчето ја предеше волната.
предедо | м.
предел | м.
Определен дел, крај од Земјината површина; крај 3; област. Планински предел. Пустински предели. Тропски предели. Далечни предели.
предела | ж.
Стадо овци. Ја виде големата предела на една падина. Пределите овци како нерастопени грутки снег шаренеа по ридовите.
предела | св.
предели | св.
Издели, подели нешто повторно, поинаку. Го пределија пленот. Ги предели картите.
пределка | св.
Изделка нешто повторно, поинаку. Детето ја пределка фигурата.
преден | прид.
Што се наоѓа пред некого или пред нешто, што е пред другите, што е од челната страна, што е напред. Предна врата. Предна соба. Предна корица. Предни заби. Предни нозе. Преден одред. Предни редови.