преденка | ж.
Вечерно собирање на прелки, предачки на село заради заедничка работа. Ги викнала сите девојки на преденка.
предено | ср.
Волнен, памучен или ленен конец усучен со предење; преѓа. Клопче предено. Алово предено. Шарени предена.
преденува | св.
Помине ден некаде. Преденуваа во леската.
предесенски | прид.
Што се однесува на времето непосредно пред есента. Предесенско сонце. Предесенски дождови.
предефинира | св. и несв.
Дефинира нешто повторно, поинаку. Ова програмско подрачје треба да се предефинира.
предзимски | прид.
Што се однесува на времето непосредно пред зимата. Предзимска сеидба. Предзимски посеви. Предзимски грижи.
предзнаење | ср.
Претходно стекнато знаење. Темата бара извесни предзнаења кај учениците. Тест за предзнаењата по историја
предзнак | м.
Знак, симптом, појава што навестува нешто, што претскажува нешто, близина, почеток на нешто и сл. Предзнак на смртта. Предзнак на победата. Убави предзнаци.
предзори | прил.
Времето непосредно пред зазорување, пред изгрејсонце. Излегоа предзори. Заспав предзори.
Предзорница | ж.
Утринска ѕвезда;