предигра | ж.

Воведен дел во уметничко дело (драма, опера и сл.). Уште во предиграта се насетува трагичната судбина на ликовите.

предизборен | прид.

Што се однесува на времето непосредно пред изборите. Предизборен молк. Предизборна кампања. Предизборни активности.

предизвик | м.

Тоа што предизвикува, што поттикнува на желба, стремеж да се направи, да се постигне нешто. Патувањето низ пустината за него беше голем предизивик. Им одолеа на предизвиците во манекенството.

предизвика | св.

Побуди некакви чувства (болка, чудење, смеа, гнев, почит, воодушевеност итн.), поттикне љубопитност, свест кон нешто. Предизвика смеа. Предизвика сожалување. Предизвика страв. Предизвика внимание. Предизвика интерес.

предизвикувач | м.

Тој или тоа што предизвикува, причинува нешто; причинител. Предизвикувач на болест. Механички предизвикувачи.

предизвикувачки | прид.

Што предизвикува, провоцира, дразни некого со нешто. Предизвикувачки поглед. Предизвикувачка насмевка.

предикат | м.

(грам.) Главен член во реченицата што се однесува на субјектот и што означува дејство, процес, состојба; прирок.

предикативен | прид.

Што му припаѓа на предикатот, што е дел од предикатот. Предикативна форма. Предикативна структура.

предикација | ж.

Постапка, определен начин на вреднување (од специјална комисија, со механизирани или шематизирани мерила). Предикација на филмови.