предилен | прид.
предилка | ж.
предилница | ж.
предимензионира | св. и несв.
Преувеличи, преувеличува, даде, дава поголем обем, интензитет, значење на нешто. Ги предимензионира работите.
предимно | прил.
Претежно, првенствено, главно. Работи предимно со фирми од странство. Оваа лексика предимно се среќава во народната проза.
предимство | ср.
Предност. Предимство му давам на автентичниот фолклор. Во оваа ситуација тој има предимство.
предипли | св.
Здипли повторно или поинаку. Ги зеде чаршафите и ги предипли.
предиспит | м.
Воведен, условен испит, испит што се одржува како подготовка пред главниот испит. Успешно го положи предиспитот.
предиспитен | прид.
Што се однесува на времето пред испит. Предиспитна сесија.
предиспозиција | ж.
Природна склоност, подложност, чувствителност на нешто. Предиспозиција за болест.