предиспонира | св. и несв.

Однапред подготви, подготвува, оспособи, оспособува за нешто. Ги предиспонираат за високи достигнувања.

предиспониран | прид.

Што е склон, подложен, чувствителен кон нешто. Предиспониран на болест.

предисторија | ж.

Најстариот период од минатото на човештвото, од појавата на човекот до појавата на првите пишани споменици; праисторија. Успивното дејство на макот било познато уште во предисторијата.

предистрага | ж.

Истражна постапка што ѝ претходи на главната истрага. Некои докази беа обезбедени уште во предистрагата.

предлабок | прид.

Што е многу, премногу длабок. Предлабоко дно.

предлага | несв.

предлагач | м.

Тој што предлага, што дава предлог. Предлагач на реформи. Главен предлагач.

предлог 1 | м.

Изложено мислење, препорака да се направи нешто, како да се реши нешто. Неочекуван предлог. Конкретен предлог. Го прифатија предлогот.

предлог 2 | м.

Неменлив збор што се наоѓа пред именските зборови и изразува различни односи меѓу нив и другите зборови во реченицата; препозиција (на, до, под, со и др.).

предложи | св.

Направи, даде предлог. Владата предложи нов закон за приватизација. Професорот предложи два термини за полагање на испитот. Тој предложи да одиме на излет.