патеник | м.

Паталец.

патент | м.

а) Официјален документ, потврда за правото на користење или продавање на определен изум, пронајдок. б) Изум или процес заштитен со ваков документ.

патентен | прид.

Што се однесува на патент. Патентен пронајдок. Патентно право.

патентира | св. и несв.

Заштити, заштитува, потврди, потврдува право или сопственост на патент. Работникот го патентира техничкиот пронајдок.

патерица | ж.

Ортопедско помагало за поткрепување при движењето на инвалидите, со потпирач што се става под мишка. Дрвена патерица. По сообраќајната несреќа, тој оди со патерици.

патернализам | м.

Наметлива, претерана, непотребна грижа кон другите, душогрижнички однос.

патерналист | м.

Тој што се грижи наметливо, претерано; душогрижник.

патерналистички | прид.

Што се однесува на патернализам и на патерналист. Патерналистичка етика. Патерналистички однос кон жената.

патетика | ж.

Состојба на занес, претерано воодушевување, восхитеност. Стихови со директна патетика.

патетичен | прид.

Што е исполнет со патос, занесен, претерано возбуден, свечен. Патетичен глас. Патетичен завет. Патетичен говор.