патец | м.
Линија што ја разделува косата на две страни. Патец на средина. Крив патец. Патец на десната страна.
патешественик | м.
Тој што патува, патник.
патешествие | ср.
(книж., разг.) Долго патување, патување во далечни земји по копно или вода. Разговор за петешествијата по светот.
пати | несв.
Преживува несреќа. Старицата патеше поради смртта на синот. Таа доживеа многу несреќи, патеше, но никогаш не проколна.
пати се | несв.
Се плоди, се множи.
патика | ж.
Лесни обувки од кожа, платно, гума и сл. што најчесто се користат за спортување и рекреација. Момчиња во бели патики.
патило | ср.
Страдање, мака, беда, зло, напаст. Душевно патило. Живот со големи патила. Патила на народот.
патина | ж.
Вид оксидација со зеленикава боја кај некои метали (сребро, бакар, бронза и др.). Сребрената икона имаше прекрасна патина. Светлината се разлеа врз патината од бистата во паркот.
патинира | св. и несв.
Тој ја патинираше металната ограда.
патица | ж.