Патагонија | ж.
Област во Аргентина.
пата-карти | и.
Во табланет ‒ ситуација во која на крајот од играта двете страни имаат еднаков број карти.
паталец | м.
Тој што многу пател.
патар | м.
Тој што работи на поправање и одржување на патишта.
патардија | ж.
Врева, бркотница, безредие. Тој дигна цела патардија.
патарина | ж.
Паричен надоместок за користење на патишта.
патека | ж.
Тесен пат направен за движење обично на пешаци или набиен од постојано минување. Патека во паркот. Патека сред жита. Патека со песок. Бетонирана патека. Каллива патека Козја патека.
патем | прил.
По пат; за време на патување. Патем го мачеа многу мисли. Патем, во возот, расправаа за настанот. Патем им се придружија други селани.
патема | прил.
патен | прид.
Што се однесува на патување, на пат. Патен билет. Патна торба. Патни сметки. Патен налог.