предлошка | ж.

Тоа според кое се работи, што служи како модел, образец за нешто. Препис од македонска предлошка. Текстот се базира на две постари предлошки.

предлошки | прид.

Што се однесува на предлог2. Предлошко значење. Предлошки состав.

предмет | м.

Конкретна, материјална појава во просторот што може да се забележи со помош на сетилата. Скапоцен предмет. Остар предмет. Стаклени предмети. Стари предмети.

предметен | прид.

Што се однесува на предмет. Предметно опкружување. Предметен наставник. Предметни реченици.

предмугрен | прид.

Што се однесува на предмугри. Предмугрен час. Предмугрена свежина.

предмугри | прил.

Времето пред првите мугри, пред изгрејсонце; предзори. Се вративме дома предмугри.

предназначи | св.

Однапред определи, назначи, намени за некого или за нешто. Ова работно место го предназначија за тебе.

преднамера | ж.

Однапред смислена намера, замисла да се направи, да се постигне нешто (обично за нешто лошо). Неговата изјава има јасна преднамера.

преднамерен | прид.

Што се однесува на преднамера. Преднамерна цел. Преднамерна акција.