преднина | ж.
предница | ж.
Преден дел од нешто. Од ударот настрада предницата на автомобилот.
предничар | м.
Тој што весла на предницата од некое пловно средство. Предничарот на чунот мавташе со веслото.
предничи | несв.
Оди напред, пред другите. Тој предничи пред другите тркачи на еден круг до целта.
предност | ж.
Тоа по што некој или нешто се истакнува, се издвојува од другите, надмоќ. Крадецот ја искористи предноста на темнината и избега. Предност му даде на разумот, а не на чувствата. Имаш многу предности во однос на другиот кандидат. Домашниот тим има предност од два гола.
предобар | прид.
Што е премногу, претерано добар. Предобар човек.
предоволен | прид.
Што е повеќе од доволен. Предоволна заштеда.
предодреден | прид.
Што е однапред одреден за некого или за нешто; Предодреден победник. Предодредена судбина. Предодреден на пропаст.
предодреди | св.
Однапред, претходно одреди нешто; Нив ги предодреди за извршување на задачата. Прифати сè што му предодредила судбината.
предои | св.
Надои повеќе отколку што треба, премногу. Го предои детето и тоа поврати.