предок | м.

Далечен роднина, крвен сродник по таткова или мајчина линија. Фамилиите биле именувани по името или прекарот на предокот. Нашите предци се доселиле од друго село.

предолг | прид.

Што е премногу, претерано долг. Предолг пат. Предолга игра. Предолго време.

предоминантен | прид.

Што преовладува, што е надмоќен, првенствен, најважен. Предоминантно влијание. Предоминантна улога.

предоминација | ж.

Превласт, надмоќ. Борба за предоминација.

предоминира | св. и несв.

Преовладее, преовладува, се истакне, се истакнува, има надмоќност. Во народната поезија предоминираат лирските песни. Предоминираа мислењата за нови избори.

предопределен | прид.

Што е однапред определен; Предопределена реакција.

предопредели | св.

Однапред, претходно определи нешто; Го предопределил да го наследи по неговата смрт.

предореска | ж.

Белег на увото кај овца, коњ и др. Најмногу ја сакав овцата со предореска.

предосети | св.

Однапред, пред да се случи, сети, осети, почувствува нешто. Ја предосети опасноста.