предостави | св.
предостатен | прид.
предотина | ж.
преѓа.
предоцна | прил.
Многу, премногу доцна. Стигнавме предоцна.
предочи | св.
Даде до знаење, обрне внимание на нешто; предупреди. Им ја предочив тешката положба. Му го предочи ризикот од нови вложувања. Им ги предочија сите опасности.
предраг | прид.
Што е многу, премногу драг; премил. Предрага наставничка.
предрасположение | ж.
Состојба на тој што е предрасположен
предрасположи | св.
Однапред расположи, настрои некого за нешто. Ги предрасположи за забава. Ручекот ги предрасположи за пиење.
предрасуда | ж.
Лажно, неосновано, погрешно мислење, уверување, гледиште за некој или за нешто што не се потпира на проверени факти и е во спротивност со логичкото размислување. Стара предрасуда. Лични предрасуди. Човек без предрасуди. Расна предрасуда.
предрекува | несв.