предреме | св.
Помине извесно време во дремење; малку подреме. Предреме на фотелјата.
предрече | св.
Претходно, однапред рече нешто за да испадне како лоша среќа. Ти ми предрече и затоа не погодив.
предрешава | несв.
предреши | св.
Претходно, однапред реши во врска со некого или со нешто. Со своето судење, тој го предреши натпреварот уште пред да заврши. Неговите постапки му ја предрешија кариерата.
предрибла | св.
Помине некого со дриблање. Ги предрибла двајцата противнички фудбалери.
предручек | прил.
предубеден | прид.
Што има, што чувствува предубедување. Предубеден човек.
предубедување | ср.
Претходно, однапред создадено лажно, погрешно, негативно мислење во врска со некого или со нешто. Веруваше во неговото предубедување. Се плашеше од предубедувањата на селската средина.
предума | св.
Промисли, размисли. Предумај, па потоа кажи ни.
предумисла | ж.
Однапред смислена намера за извршување некаков чин, дело. Престапот е извршен со предумисла.