предупреди | св.
Претходно, отпорано извести за нешто, обично непожелно, што треба да се има предвид. Ги предупреди другите за опасноста. Ја предупреди девојката да молчи. Го предупреди да внимава.
предупредителен | прид.
предупредувачки | прид.
Што предупредува, што дава предупредување. Предупредувачки штрајк. Предупредувачки знаци.
предупредување | ср.
Глаголска именка од предупреди.
предусети | св.
предуслов | м.
Услов што претходно треба да се исполни за да се направи, да се добие нешто. Познавањето на англискиот јазик е важен предуслов за вработување. Реформите се предуслов за економскиот развој.
предутрински | прид.
Што се однесува на времето пред настапување на утрото. Предутрински час. Предутринска тишина.
предучилиштен | прид.
Што се однесува на времето пред одење на училиште. Деца од предучилишна возраст. Предучилишни установи.
предјадење | ср.
Тоа што се дава пред главното јадење. Ладно предјадење. Топло предјадење.
преесапи | св.
Направи есап, пресмета. Преесапи колку треба да ти платам.