през | предл.
Со временско значење ‒ во време на, за време на. През Првата светска војна многу Македонци загинаа за туѓи интереси.
презабец | м.
При ткаење ‒ прескокнување на нишката помеѓу запците на брдото.
презаврзе | св.
Врзе нешто повторно или поинаку. Ја презаврза шамијата.
презадоволен | прид.
Што е премногу задоволен. Беше презадоволен од подарокот.
презадолжен | прид.
Што е премногу задолжен, што има големи долгови. Презадолжени муштерии.
презадолжи се | св.
Се задолжи премногу, направи големи долгови. Се презадолжи, но ја изгради куќата.
презакаже | св.
Закаже повторно, во друг термин. Ја презакажавме средбата.
презаморен | прид.
Што е премногу заморен. Презаморна работа.
презамори | св.
Премногу замори, премори некого со нешто. Лектурата на текстовите ме презамори.
презапише | св.
Запише повторно, уште еднаш. Тој го презапиша вториот семестар.