прежали | св.

Престане да жали, да тагува по некој починат, по нешто изгубено. Таа брзо го прежали мажот. Детето го прежали кучето.

прежен | прид.

прежени | св.

Ожени некого повторно, по вторпат. Набрзо откако остана вдовец, тие го преженија синот.

прежива | несв.

За некои тревопасни животни ‒ повторно ја џвака храната вратена од желудникот, преџвакува. Стоката преживаше на полјаната. Кравата преживаше сено.

преживар | м.

Животно што прежива храна; Artiodactyla ruminantia. Преживарите имаат сложен систем за варење

преживеан | прид.

Што е останат жив по несреќа, војна и др. Во несреќата нема преживеани патници.

преживее | св.

Проживее во настани учествувајќи во нив. Тој ја преживеа болеста. Тие ја преживеаја војната.

преживелица | ж.

Несекојдневно, неочекувано, впечатливо доживување што останува во долго паметење. Раскажуваше една преживелица. Возбудливи преживелици.

прежили | св.

Засече, направи рана во вид на жила. Ременот од пушката му го прежили рамото. Тешките торби ѝ ги прежилија рацете.

прежолт | прид.

Што е премногу жолт, со интензивна жолта боја. Прежолто жито.