презаситен | прид.
Што е премногу заситен од / со нешто. Презаситена публика.
презасити | св.
Засити, задоволи некаква внатрешна желба, потреба во преголема мера. Медиумите нè презаситија со информации за изборите.
презаслужен | прид.
Што има преголеми заслуги. Презаслужна личност.
презаспие | св.
Заспие повторно, по разбудување. Се обидуваше да презаспие.
презафатен | прид.
Што е премногу зафатен во работата. Презафатен човек.
презборок | м.
Кажан збор пред некого како озборување. Од мене нема да слушнеш презборок.
презборува | несв.
Возвраќа некому на добиена забелешка, приговор, укор и сл., не помолчува. Детето презборуваше на секој нејзин збор.
презвитер | м.
Свештено лице, свештеник; во ранохристијанската црква ‒ црковен службеник, световно лице избрано од верската заедница.
презден | прил.
Секој втор ден. Кокошките несеа јајца презден.
презема | несв.